Кристијан Рахимовски минатата недела беше во посета на Скопје. Тој дојде во градот на неговиот татко, легендарниот пејач Аки Рахимовски. Во Македонија е после 30 години, а причината за неговото доаѓање е како што изјави тој да се обиде да го најде мирот по загубата на Аки.
Кристијан вели дека чувствата му се измешани, дека чувствува неизмерна тага по ненадејното заминување на неговиот татко, но истовремено е и среќен што дошол во Македонија по долго време. А зошто толку долго го немаше…
Своевремено се зборуваше дека Аки не бил во добри односи со својот син. Кристијан вели дека нивниот однос бил таков каков што е поради концертите и обврските на својот татко.
Додаде дека Аки бил навистина горд на Македонија и дека токму нашата земја му помогнала во она што беше тој.
Вели дека сака да продолжи по патот на својот татко и да прави песни на македонски.
Tешко е да се прифати заминувањето на Аки, вели неговиот син. Тој едноставно го гледаше животот како полигон за брзи возила и никогаш не се штедеше. Кристијан има 41 година и глас многу сличен на оној на Аки. По се изгледа дека легендарниот пејач има свој наследник во иднина, како генетски така и пејачки.
Погледнете ја и слушнете исповедта на Кристијан Рахимовски пред објективот на камерата на „магазинот од зад сцената“: