Синот на Брена прослави 24-ти роденден – Му пееше Прија, а дојде и пејачката со кој го поврзуваа

ИЗВОРНов Лист
|

Синот на пејачката Лепа Брена, Виктор наполни 24 години и по тој повод направи голема прослава.

Виктор облекол црн костум во кој се гледа дека линијата ја довел до совршенство, а на прославата присуствувале многу познати личности. Таму беше Александра Пријовиќ со нејзиниот сопруг Филип, па испеа неколку песни и ги воодушеви сите присутни.

Снимките набрзо завршија на социјалните мрежи, а нема сомнеж дека атмосферата била извонредна.

На роденденската забава била и пејачката Лена Чолак со која го поврзувале, а гласините дека се заедно ги демантираше со реченицата: „Среќен роденден на брат ми“.

Она што е интересно е дека извесна Деа Милошевиќ била на роденден и објавила фотографија на која позира со Виктор и става црно срце.

На честитките се приклучи и Лепа Брена која на својот Инстаграм објави фотографија со синот.