Осумнаесетгодишниот син на Илон Маск, Ксавиер, поднел барање официјално да го смени полот и името во личните документи за да се дистанцира од својот познат, многу богат татко.
Ксавиер Маск (18) сака отсега да биде Вивиен Џена Вилсон, која ќе го отфрли презимето на славниот татко и ќе го земе презимето на нејзината мајка, Џастин Вилсон. Во кратката изјава тој најави дека го менува своето име за „никогаш на кој било начин да не се поврзува со својот биолошки татко“.
Децата на Илон Маск се кријат од јавноста, па малку се знае за нив, а не се знае дали најбогатиот човек на светот бил упатен во планот на неговиот син да го промени полот и јавно да се откаже од него.
Ксавиер, кој во петок ќе дознае дали судот му одобрил да стане Вивиен, не го откри мотивот за откажување од татко му. Но, британските медиуми јавуваат дека ваквата одлука е предизвикана од трансфобичните коментари на Маск кои ги дал во претходните неколку недели.
„Кога некој ќе стави други заменки во своето CV“, напиша Маск со навредлива слика, мислејќи на правото на трансродовите лица да бараат да им се обраќаат со заменките за пол што ги избрале или неутрални „тие“. За последната варијанта се одлучи и ќерката на Џенифер Лопез која предизвика бурни реакции кога објави дека станува момче.
„Постојано ни кажуваат дека половите не постојат, а од друга страна дека постојат и се толку различни што неповратната операција е единствената опција. Ако некој попаметен од мене би можел да ми го објасни ова“, напиша неодамна Маск на Твитер.