Синот на Есма во носталгија по животот: Симеон Атанасов направи прошетка по спомените (ФОТО)

|

Некогаш оддамна, кога кралицата на ромската песна Есма Реџепова – Теодосиевска ќе се појавеше со својот ансамбл во емисиите на тогаш единствената ТВ Скопје денес МРТВ, тој беше она малечко детенце кое весело трчкаше околу кралицата со тарабуката в раце.

Подоцна тарабуката ја замени со хармониката наследувајќи го Стево Теодосиевски, по неговото заминување од овој свет, па со својата мајка Есма и останатите браќа го продолжи патот на нејзината мисија – музички да го оплемени светот крстарејќи по нејдалечните дестинации каде ја ширеше ромската, но и македонската песна и култура воошто.

Симеон денес е возрасен човек, одличен музичар и вистински лидер на тимот кој ја продолжува традицијата на мајката – кралица!

Водач и менаџер на  „Esma’s Band Next Generation“ и менаџер на единствената ќерка на Есма, Елеонора Мустафовска која кариерата паралелно ја гради и со бендот…

А однеодамна и соло, под уметничкиот псевдоним Малиша.

Големата Есма замина, останаа песните, културното наследство што го остави, легендата за ромската кралица и сеќавањата… Симеон  сеќавајќи се на убавите времиња и неговата иако не биолошка, единствена мајка, деновиве направи прошетка по спомените од речиси три децении.

Фотографиите од далечната 1992 година и еден од настапите во студијата на тогашното ТВ Скопје или по осамостојувањето на Република Македонија, тукушто преименувана МРТВ, му ги вратија спомените облевајќи го со носталгија по животот и годините.

Но, Симеон никогаш не ја заборави Есма. Својата, иако небиолошка мајка, но жената која безусловно го сакаше, поддржуваше, го направи да биде тоа што е денес: познат, признат, врвен музичар и пред се’ – човек!

„Единствената личност на која можев да се потпрамза било што. Единствената личност што секогаш ме поддржуваше за се’. Единствената која ме сакаше секогаш безусловно, па и кога грешам. Почивај во мир Мајко“ – напишал во своето сеќавање на Есма, нејзиниот Симеон!