Синот на Ѓорѓе Балашевиќ откри како се чувствува пејачот по срцевиот удар

|

Ѓорѓе Балашевиќ го откажа распродадениот концерт во Крагуевац поради влошување на здравствената состојба.

Причината за тоа бил инфарктот што пејачот го доживеал, пренесува Блиц.

Во моментов се наоѓа во Институтот за кардиоваскуларни болести во Сремска Каменица каде што е хоспитализиран и му се вградени стентови.

Неговиот син Алекс откри како се чувствува пејачот по инфарктот.

„За сите кои прашуваат како е мојот татко…тој порачува дека се чувствува така што може да се бори и на мегдан“ напиша Алекс во описот на заедничката фотографија.

ФОТО: АНА ПАУНКОВИЌ

По повод здравствената состојба на Балaшевиќ се огласи и неговата ќерка која истакна дека пејачот не се чувствувал добро, но дека сега е добро.

„Да ве предупредам сите кои ќе ме прашувате. Татко ми е добро. Не се чувствуваше добро, па поради тоа беше превентивно прегледан во Каменица. Им благодарам на сите за разбирањето и откажаниот концерт“ напиша Јована на „Инстаграм“.

ФОТО: ДРАГАНА УДОВИЧИЌ

Како што пренесува „Блиц“, Балешевиќ бил опериран во текот на вчерашниот ден, неговата состојба е стабилна и успешно оздравува на интезивна нега.

„Пациентот се чувствува добро. Стурчните лица на Институтот професионално си ја завршија својата работа, а во текот на интервенцијата на пациентот му се вградени два стена. Многу не се свесни дека тоа е една сериозна интервенција, но за нашите доктори тоа стана рутинска операција со која е решена состојбата на Балашевиќ  по инфарктот“ вели извор за „Блиц“.