Синот на Лепа Брена, Виктор наполни 24 години и по тој повод направи голема роденденска прослава.
На забавата биле Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип, па снашката не пропуштила да испее неколку песни и да ги воодушеви сите присутни кревајќи ја атмосферата.
Снимките од прославата набрзо завршија на социјалните мрежи на Инстаграм профилите на гостите, а нема сомнеж дека атмосферата била извонредна. На роденденската забава била и пејачката Лена Чолак со која го поврзувааа дека има љубовна афера, а гласините дека се заедно таа ги демантираше со реченицата: „Среќен роденден на мојот брат“.
Она што е интересно е дека извесна Деа Милошевиќ била на роденденот и објавила мноштво фотографии и видеа, меѓу кои и фотографија на која позира со Виктор, а покрај истата ставила црно срце.
На честитките се приклучија и мама Брена која на својот Инстаграм објави фотографија со синот.