Синот на Лепа Брена тајно ја сними: Eве што прави пејачката кога мисли дека никој не ја гледа

ИЗВОРСкопје24
|

Лепа Брена пред камерите секогаш е средена, а кога ќе се исклучат рефлекторите е обична жена, мајка, сопруга, пријателка…. Нејзиниот син Виктор Живојиновиќ деновиве ја сними во едно сосема опуштено издание.

Имено, Виктор ја сними Брена како седи, а еден детаљ посебно го забележа.

На видео снимката Брена седи замотена во ќебе, а на нозете носи пупичи.

„Што е ова?“ напиша Живојиновиќ.

Викендов пејачката инаку имаше концерт во Бањалука каде што направи хаос. Таа на сцената се појавила во бел фустан со длабоко деколте. Нејзините фанови ја „опсипаа“ со коментари под објавата.

За фолк пејачката Лепа Брена важи правилото – „годините се само бројка“ или она „таа е како виното, колку постара, толку поубава“.