Синот на фолк пејачот Ацa Лукас, Лазар Вуксановиќ се ожени со избраната Ана во неделата на 6 март, а свадбената церемонија се одржа во црквата на Карабурма во присуство на родителите, кумовите и најблиските членови на семејството.
Луксузната венчавка чинела околу 50.000 евра, а потоа Лазар Вуксановиќ и неговата сопруга отпатувале на меден месец.
Додека многу деца на познатите по медениот месец избираат претежно потопли и поскапи места како Малдивите, Лазар и Ана отпатуваа на Копаоник, од каде веднаш споделија заедничка фотографија.
Лукас претходно откри што купил за Лазар и неговата сопруга.
– Лазар доби трособен стан за свадбата. Не би зборувал каде е, но еве толку од тато за него и неговата снаа – изјави Лукас.