Синот на Марина Туцаковиќ откри која е нејзината последна песна и за кого е наменета

|

По заминувањето на најпознатиот текстописец на Балканот, Марина Туцаковиќ многу се шпекулираше за кого таа ја напишала последната песна. Таа долго време се мачеше со лошата болест, но за цело тоа време не престана со творење и пишуваше многу нови текстови.

Нејзиниот син, Милан Радуловиќ Лаќа, кој исто така е текстописец, открива која е последната песна.

-Како се мери последната песна? Дали е тоа последната објавена песна или последна продадена или последна во нејзината тетратка запишана. По моето чувство, последна е таа која е во збирката. Тоа е песна за Наташа Беквалац. „Излечена“. Тоа е симболично, да испадне на крајот така. Не сум се слушнал со Наташа, но тој е еден од моите омилени текстови на мама, вели Лаќа.