Синот на Роналдо изненаден од куќата во која живеел неговиот татко

ИЗВОРСкопје24
|

Кристијано Роналдо откри дека го одвел својот син Кристијано џуниор во Лисабон за да му ја покаже куќата во која живеел во моментите кога ја започнувал кариерата во дресот на Спортинг.

Роналдо живеел со својот пријател Мигел, откако го напуштил својот дом во Мадеира на 12-годишна возраст, а неговиот 9-годишен син бил шокиран од условите на локацијата.

– Бев многу емотивен затоа што сакав да види каде сум пораснал. Дојде со мене, а таму беа истите луѓе кои живееја и во мое време, тоа не го очекував и реално ме трогна малку повеќе, – вели Роналдо.

– Кога влеговме во куќата, мојот син се сврте кон мене и ме праша: Тука ли си живеел?, не можеше да поверува. Тие мислат дека се во животот се постигнува лесно, квалитетот на живеење, куќите, автомобилите, облеката…

Тоа е нешто што се обидувам да го научам син ми, му пренесувам дека не е доволно да имаш само талент, но со многу работа може да се постигнат важни работи, – изјавил Португалецот.