Еден од најдобрите и најперспективни млади македонски фолк пејачи, Дамјан Стојаноски и неговата сопруга Елена Билеска станаа родители – добија машко чедо.
За убавата вест и приновата кај синот на легендата на македонската изворна песна, Војо Стојановски, се пофали мајката на Дамјан, новинарката Евица Камберова-Стојаноска, која напиша дека од денеска има нова животна улога – баба.
За потсетување, Дамјан и неговата сакана Елена се свршија во месец февруари годинава.
Во меѓувреме, младиот македонски фолк пејач полека ја гради сопствената кариера, продолжувајќи го патот на татко му, кој како и Војо, во своите песни длабоко ја негува македонската изворна традиција.