|
Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ се венчаа пред една година, а фановите им испратија бројни честитки по повод првата годишнина од бракот. Двојката реши да не го слави тој ден, што многумина ги изненади.
Марко се огласи на Инстаграм и им се заблагодари на сите, но изјави и зошто ја изоставиле прославата.
„Почитувани пријатели, ви благодариме за честитките за годишнината од бракот, но мораме да напоменеме дека денеска е годишнина од општинскиот брак, кој не ни значи многу и дека ќе го одбележиме датумот на црковната венчавка, која беше 18 мај 2021. Со почит, семејството Миљковиќ“, напиша тој.