Сите ќе ви бараат рецепт: Знаете ли за шарен ајвар?

ИЗВОРНов Лист
|

Времето за подготовка на зимница оваа година започна нешто порано од вообичаено, па повеќето зеленчуци треба порано да ги подготвите за зимата која ни следи.

Искористете ги викендите за подготовка на најомилените додатоци, салати и сосови.

Доколку сте скептични при испробување на нов рецепт, направете помала количина, па споделете го искуството.

Никогаш не знаете каков специјалитет можете да произведете, но за овој со сигурност сите ќе ви бараат рецепт! Сте пробале ли шарен ајвар? Ако сакате да го направите еве ја постапката во продолжение:

Состојки: 12kg пиперки, 3kg модар домат, 2kg моркови, 1,5l масло, 250g шеќер, 200ml оцет, 4 лажици сол и 100g сенф.

Подготовка: Пиперките и модрите домати испечете ги, излупете и сомелете. Морковите сварете ги и сомелете ги. Сите зеленчуци измешајте ги во голем сад, па додајте го маслото, шеќерот, оцетот и солта.

Варете во длабоко тенџере на умерена температура, со повремено мешање, додека не забележите згуснување на дното на садот.

Тргнете ја смесата од оган и додајте го сенфот.

Чистите и суви тегли ставете ги во рерна, вклучете ги на 100 степени и по 15-20 минути пресипете го топлиот ајвар. Затворете ги теглите, замотајте ги во пешкир и оставете ги да се изладат.