Сите на нозе за Атиџе: Еве како и каде таа го прослави 8 Март

|

Хероината од „Медена земја“ Атиџе Муратова викендов за прв пат го прослави 8 Март во ресторан.

Таа заедно со 1000+++ жени празникот го поминала во Ниш-Лесковац во организација на Т.А.Црво Експрес Штип од каде на социјалните мрежи објавија и видео и фотографии.

Атиџе со овации беше пречекана кога излезе на сцена и пред сите го запеа нејзиниот хит.

Кога станува збор за љубовта и за мажењето Атиџе вели дека за неа веќе е доцна за брак.

-Кога бев млада бев напредна и убава. Уште на 14 години ме бараа момчиња. Дојде едно момче тогаш да ме бара за жена, но не ме дадоа моите бидејќи бев многу мала. Потоа пораснав, имав додворувачи, но се грижев за родителите. Потоа ме касна кучето, ме унакажи. Ми го упропасти животот и немав многу додворувачи. Јас со години имав сериозни проблеми со здравјето и не можев да мислам за љубов и за мажење. А сега веќе во овие години и не сакам да се мажам. Искрено не сакам да се мажам само да бидам нечија слугинка. А децата ги сакам, многу ги сакам. Но, тоа ми било судбината. Кучето ми го однесе и здравјето и вољата за љубов и за се. Тоа беше мое премрежје, бидејќи за еден час можев да умрам. Врескав, плачев и никој немаше да ми помогне, но Господ ме спаси за да можам повторно да функционирам. Тогаш ми доаѓаше да се обесам од мака, ама се сожалив над себе и над мајка ми, бидејки неа немаше кој да ја чува. Тоа ме одржа во живот. Е сега треба да бидеш среќен, нели. А јас сум среќна што сум жива иако со здравјето не сум задоволна. Имам последици од каснувањето, не можам да работам тешки работи, рацете ме болат, лицето, носот. Тоа ми е траума. Затоа и не планирам да се мажам. И во Сараево ме прашаа имам ли прилики за мажење а јас им реков дека нема да се мажам бидејки не знам на што ќе налетам. Иако можеби ќе се најде некој што искрено ќе ме сака. Не знам… Но, не сакам да се мажам, бидејки после се низ што поминав сметам дека најважно е човек да биде жив и здрав.

Не сакам да се мажам само да бидам нечија слугинка, тоа ми било судбината, кучето ми го однесе и здравјето и вољата за љубов и за се, вели Атиџе.