Сите на плажа, таа на базен со него – ова е Петар, братчето на Сара Мејс

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Сара Мејс заедно со сопругот Димитар и ќеркичката Илина уште на почетокот на месец јуни се спакуваа и заминаа на море на вториот грчки крак, поточно во Ситонија. Но, јуни и јули поминаа, а во жешкиот август ретко кој од нас посакува да седи дома или на работа и да гледа туѓи фотографии од море. Сара Мејс најде алтернатива како да се разлади и забавува, а иззборот падна на базен во скопската населба Аеродром. На ваквата идеја се согласи и Диме, па брачните сопружници се редовни на капење, размрдување, забавување…

Ова некако добро му се виде и на помалиот брат на пејачката, Петар Костадиновски, кој отиде на рекреација заедно со сестра си. Сара најпрвин објави фотографија со Димитар, а подоцна и со Петар кој очигледно уживал во дружбата со дада.

Инаку, Петар е студент по фармација, а од неговите профили на социјалните мрежи, може да се види дека тој е особено горд на својата постара сестра и постојано ги објавува нејзините тековни музички новитети.

Вистина.мк