Талија не можеше да остане незабележана на балот МЕТ, кој завчера се одржа во музејот „Метрополитен“ во Њујорк.
47-годишната мексиканска актерка, која освојуваше срца со улогата на слатката Росалинда во истоимената серија, изгледаше како модерна кралица додека позираше на розовиот тепих.
Оваа серија се емитуваше и во Македонија, па Талија во тоа време беше омилена кај публиката.
Волуменозната креација е дело на Томи Хилфигер.
Сепак, за вкусовите не се расправа, нели?
Додека едни ја гледаа со воодушевување, други коментираа дека креацијата е чудна и неудобна, дури и нападна.