Весна Змијанац се огласи по ситуацијата на аеродромот, која ги подгреа шпекулациите дека нешто не е во ред меѓу неа, нејзината ќерка Николија Јовановиќ и зетот Реља Поповиќ.
Станува збор за тоа дека тие се однесувале како потполни странци, бидејќи со ист лет дошле во Белград, но од аеродромот го напуштиле сосема одделно. Така Весна сама ги носела работите, без никаков контакт со ќерката и зетот.
Сепак, Змијанац посочува дека ништо не е како што изгледало.
– Во авионот седевме сосема поинаку – јас бев на почетокот, тие на крајот. Не ми помогнаа со работи, бидејќи имав само еден куфер, има тркала, никој не треба да ми помага во тоа. На аеродром ме чекаше пријател, а тие се возеа со такси, беа четворица, менаџер, диџеј… – изјавила Весна.
Змијанац посочува дека разговарала со ќерката и зетот на аеродромот во Цирих и дека секој тргнал по својот пат во Белград. Таа тврди дека меѓу нив се е во ред.
– На аеродромот во Цирих цело време бевме заедно, разговаравме за она што го имаме. Треба да спиеме заедно за да мислиме дека се е во ред? Секако дека сме во добри односи, дека се е во ред. Како може нешто да не е во ред? – изјави пејачката.
Змијанац истакна дека нејзината внука е преслатка и дека се грижи за неа и поминува време со неа кога може.