Сите што се во странство, а не се одјавиле – дома ги чека казнена заседа од 500 евра

ИЗВОРСкопје24
|

Сите што заминале во странство на подолго од три месеци, а претходно не пополниле соодветна пријава во полицијата се потенцијални жртви за казна. За полицијата ова е прекршок кој во зависност од повеќе околности таа може да го наплати од 100 до 500 евра, пренесува ТВ Стар.

Најголемиот дел од граѓаните за оваа законска обврска не знаат, па оттука и потенцијалната опасност сите да платат дебели казни.Во целата оваа работа главен проблем е неинформираноста .

На прашањето , знаете ли дека при заминување во странство подолго од три месеци треба да се одјавите, а потоа да се пријавите во полиција, повеќето граѓани одговорија со не и не знам.

Инаку, до 31 декември годинава е продолжен рокот за бесплатно чипирање на домашните миленици, сопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов.

Атанасов на прес-конференција во Владата потсети дека за кампањата за идентификација и регистрација на милениците која требаше да трае до 31 март, се набавени вкупно 100.000 микро чипови, но досега во системот се регистрирани само 49.000 миленици.

-Од 1 април аплицирањето на чипот ќе се наплаќа 200 денари, а издавањето на пасошите 120 денари. Чипот е донација од АХВ, истакна директорот.

Атанасов дополни и дека од 1 април инспекциските служби ќе почнат со изрекување казни ако затекнат нечипирани миленици, 100 до 150 евра за физички и 1000 евра за правни лица.