Ѕвездите на турските серии се омилени во регионот, но малкумина го знаат приватниот живот кој го кријат. Една од актерките кои се најпопуларни и прогласена за најубава жена е Туба, која ја гледавме како Аси во серијата на Сител, а сега ја гледаме како Сухан во серијата „Изгубено минато“.
Туба има бурен живот и сите актерки се плашат од неа, поради тоа што таа заведува зафатени мажи. Имено, таа го заведе сопругот на Ајшеѓул од Мојот син, по што актерката тргна да ги бара и направи сообраќајка.
Туба ја прекина и својата веридба и за време на снимањето на серијата која ја гледавме на Сител, се забавуваше со актерот, Онур од истата серија.
Во 2012 роди близнаци, ама двајцата се разделија. Сега има ново момче.