Сите жени на Никола Груевски

ИЗВОРСкопје24
|

Јавноста отсекогаш се интересирала за приватниот живот на Никола Груевски. Поранешниот македонски премиер двапати се заколна на вечна љубов, но само на една жена остана безрезервно да ѝ верува – неговата мајка која остана и негова најголема поддршка.

Надежда Груевска по потекло, таа е од Штип, и е сестра на првиот министер за внатрешни работи на независна Македонија, Јордан Мијалков. Ова е наведено и во биографијата на Груевски. Родителите на Груевски се развеле уште кога бил мал, па мајка му Нада одиграла важна улога во годините додека растел.

Избраничката на поранешниот премиер, инаку помлада од него 12 години, никогаш не сакала да биде во центарот на вниманието. Јавноста знае многу малку за Боркица Груевска (Манчева моминско презиме н.з.) со која Никола Груевски има две ќерки.

Дипломирала на Правниот факултет. Во 2015 година медиумите јавија дека магистрирала на Филозофскиот факултет. Во времето кога се ожени со почесниот претседател на ВМРО ДПМНЕ работела како советничка во Секторот за меѓународна соработка во Комисијата за хартии од вредност.

Нејзини блиски пријатели ја опишуваат како многу скромна девојка. Никола и Боркица се заколнаа на вечна љубов на 10 мај 2007 година. Кога Груевски го бранеше докторатот на Економскиот факултет во Скопје, го придружуваа двете ќерки и мајка му, но не и Боркица со што се интензивираа шпекулациите дека нивниот брак веќе подолго време е во криза.

Јавноста малку знае за првата сопруга на поранешниот премиер Никола Груевски. Пред да се ожени со Боркица, тој беше во брак со докторката Сузана Арбутина. Груевски беше во брак со Арбутина додека беше министер за финансии.

Таа е скромна и ненаметлива, а јавноста многу малку знае за неа, освен дека е успешна докторка на Клиниката за пулмологија во Скопје.

Во 2014 година, и Арбутина беше меѓу 110-те професори и асистенти, потписници на јавното протестно писмо до тогашниот премиер.

Арбутина е омилена меѓу колегите и пациентите, и многу религиозна. Блиските пријатели за неа велат дека е многу весела, дружељубива и позитивна личност. Во слободно време, таа може да се види на јавни настани, најчесто на модни ревии во кои многу ужива.

Таа ги следи и концертите на познати пејачи од домашната естрада, а со дел од пејачите е и приватно блиска.