Сител му најде замена на Латас: Познат македонски музичар доаѓа на позицијата главен и одговорен уредник

ИЗВОРСкопје24
|

Популарниот музичар, Ристо Самарџиев, кој долги години работи во ТВ Сител, ќе го замени Драган Павловиќ – Латас на позицијата главен и одговорен уредник на телевизијата, jaвува Лидер.

Самарџиев ќе биде одговорен уредник на целата програма на телевизијата, додека на позицијата главен уредник на информативната програма ќе биде поставена досегашната уредничка, Славица Арсова – Спасовски, вели за порталот вработен во телевизијата.

Арсова е веќе повеќе од една деценија во Сител, каде почна како репортер на терен, па пред неколку години стана уредник, за сега да застане на чело на информативната програма. Најверојатно нејзин заменик ќе биде Иван Кузмановски, со кој се тандем во емисијата „Детектор“.