Ситни божиќни колачи во разни бои и облици – една состојка дава неверојатна арома

ИЗВОРСкопје24
|

Направете вкусни божиќни колачиња.

СОСТОЈКИ: 85 гр. маргарин 100 гр. мед 3 лажици шеќер 1 јајце 250 гр. брашно пола лажиче сода 1 лажица цимет 1 лажица ѓумбир 1 кора од лимон бел фондан и бои

ПОДГОТОВКА: Се мешаат во длабок сад брашното со сода и цимет, па ѓумбир. Се ренда кората од лимон и се додава. Се топи маргарин во шерпа, се става шеќер и мед. Се лади смесата, се додава јајце, брашното со зачините и кора од лимон. Се замесува меко тесто и се остава барем еден час во фрижидер. Се развлекува потоа тестото, се вадат облици. Се редат на плех со хартија за печење, се пече на 180 степени околу 8 минути. Се украсуваат со бои и фондан. Уживајте!