Ситуацијата на нашата држава најреално: Одат мајка и две деца пред мене на улица

ИЗВОРСкопје24
|

На социјалните мрежи се појави една објава, од Фејсбук страна која максимално ја прикажа состојбата и ситуацијата во нашата држава, ептен реално.

-Одат мајка и две деца пред мене на улица. Мајка јаде банана и кога ја дојаде ја фрли на улица. Децата јадат смоки, ги фрлаат доле за да ги газат. На крај ги фрлаат двете кеси на улица. После студентите вакви и онакви биле, студентските домови тонеле во отпад. Пак ќе кажам. Навиките од дома се учат!

Нема што да се додаде, се е одлично кажано, за жал самите ние сме виновни за се што ни се случува, односно целото домашно воспитување, уште од најмали години.