СКАНДАЛ: Македонски амбасадор сексуално вознемирувал колешки, има 5 дена да се врати дома

|

Амбасадорот во Токио, Горан Цеков со указ е повлечен од амбасадата на Македонија во Токио, Јапонија по обвинувањата за сексуално вознемирување потврдуваат за ТВ 24 од Владата.

МНР утврдила дека тој ги прекршил правилата за работа на дипломатски претставник и вработен во министерството за надворешни работи, дадени му се 5 дена да отпатува од Токио за да го одјави службениот стан и да си организира транспорт на покуќнината до Скопје. Скандалот се случи откако бил пријавен од две жени кои соработувале со него во амбасадата во Токио.

Пред еден месец Антонијо Милошоски објави детали за скандалот со поплаки за мобинг и сексуално вознемирување, поднесени од една македонска дипломатка, и од јапонска државјанка која повремено работела на културни проекти во македонската амбасада.

-Повеќе од 10 месеци во Амбасадата се стигнати две сериозни претставки од две жени. Едната од вработена во амбасадата во Токиоа, а другата од јапонска државјанка која имал аповремени проекти со македонската амбасада во Токио. Двете поплаки се однесуваат на понижувачко, непристојно и непрофесионално однесување од страна на амбасадорот кон македонската државјанка, додека од јапонската државјанка, за жал, обвинувањата одат во насока за сексуално вознемирување. Нашиот апел би сакал да биде да се разгледа серизоно секоја од овие претставки, да не се одолговлекува, да се оценува внимателно и строго, но најдобро би било, ако може да се отповика амбасадорот, рече Милошоски.

Амбасадорот Цеков од 1996 е кариерен дипломат во Министерството за надоворешни работи (МНР). Бил на служба во Мисијата при НАТО во Брисел од 2003 до 2007, од 2010 до 2014 во Амбасадата во Осло, Норвешка, а во 2019 беше в.д. шеф на Мисијата во НАТО во Брисел.

Цеков е вториот македонски амбасадор во Јапонија, првата беше Андријана Цветковиќ. Цеков, му ги предаде оригиналите на акредитивните писма на царот Нарухито пред две години, со што официјално ја презеде функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Јапонија. Османи на 13 март му го врачи акредитивното писмо на Цеков кој беше дел од втората група на назначени амбасадори.