Фотографија со брзина на светлината се шири на социјалните медиуми каде државно знаме фрлено во контејнер. Според информациите, фрленото знаме било забележано во Карпош 4, а сѐ уште не се знае кој го фрлил.
Согласно Кривичниот законик забранува подбивање со државното знаме и за тоа во членот 178 е предвидена парична казна. До пред 2013-та година за фрлање и уништување на знамето имаше построга затворска казна до три години.
Во Црна Гора пак е предложен Закон со кој знамето не смее ни да се става како завеса или да се допира со земјата, казната е фантастични 2000 евра.