По втората полуфинална вечер на Евровизија, претставниците на Албанија „Албина и семејството Кeлменди“, со песната „Duje“ обезбедија место во финалето, кое ќе се одржи оваа сабота. Семејството иако е со потекло од Косово, во декември минатата година беше избрано да ја претставуваат Албанија.
Тие по настапот одговараа на прашања од новинарите на официјалната прес-конференција на Евровизија 2023. Имено, кога ги прашаа како се слави постигнатиот успех во нивната земја, учесничките во нивниот одговор ја споменаа „Голема Албанија„.
“Верувам дека таму е лудо. Ние сме иста крв, од иста националност, Косово и Албанија се како брат и сестра, а имаме мајка која е Голема Албанија. Веќе ја видовме големата љубов и поддршката што ни ја даваат деновиве ќе дознаеме кога ќе се вратиме таму“, беше одговорот на Фамиље.
Комплетната листа на финалисти на Евровизија ја сочинуваат: Србија, Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Норвешка, Албанија, Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија, Словенија. Меѓу финалистите се земјите кои директно се пласираа во финалето, а тоа се Шпанија, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и минатогодишниот победник Украина.
Одговорот на прашањето може да го погледнете на следното видео:
https://www.youtube.com/live/F85LPXhDK68?feature=share