Скарлет оваа недела гостуваше во шоуто „Дру Баримор“, каде со водителот разговараше за нејзината актерска кариера, како и за една ситница од минатото што би ја променила.
Холивудската актерка Скарлет Јохансон (37) во шоуто откри една работа за која не сака нејзините деца никогаш да дознаат.
Скарлет неодамна гостуваше во шоуто на Дру Баримор, каде разговараше со водителот за нејзината актерска кариера и децата.
Во еден момент, Дру (46) ја праша Скарлет „дали има нешто што нејзините деца не знаат за неа“.
– Да го кажам тоа сега, овде, јавно?! актерката се насмеа.
– Па, јас пушев кога бев младa, но сега многу ми е срам од тоа. Не сакам моите деца никогаш да мислат дека е „кул“ – рече таа.
Скарлет има две деца, седуммесечниот Космо и седумгодишната Роуз. Таа во емисијата изјавила дека Роуз веќе почнала да ја прашува за таа навика.
„Не сакам таа никогаш да почне да пуши“, рече таа загрижено.
– Така правиме ние родителите, на децата им забрануваме разни работи, но длабоко се надеваме дека ќе не слушаат – заклучи таа.