|
Цените на пченицата оваа година поскапеа за околу 60 отсто на светските берзи, што ја зголеми цената на сите производи од брашно, од леб до тестенини, објави Би-Би-Си.
Ситуацијата со цената на пченицата настана откако запре извозот од Укр аина, која е еден од најголемите производители на таа житна култура во светот со седумпроцентно учество во глобалното снабдување.
Цената на пченицата на меѓународните пазари нагло се покачи откако Индија го забрани извозот на главните житни култури, јавува „Би-Би-Си”.
Со сушите и поплавите кои им се закануваат на посевите кај другите големи производители, трговците со суровини очекуваа индиските залихи да надоместат дел од недостатокот.