Скопјанец фатен како се обидувал да пазари со туѓа картица, откако ги украл податоците

|

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против A.Љ.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Пријавениот, по набавени податоци за платежна картичка на лице од Кавадарци, на 08.09.2020 во три наврати се обидел да направи нелегална електронска трансакција, но не успеал.

Пријавениот, второто кривично дело го сторил на ист начин, односно по добиени банкарски податоци за платежна картичка на едно лице, извршил две нелегална трансакции.