Скопјанец ја претепал својата 23-годишна сопруга, поради повредите тој доби притвор

|

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за семејно насилство поднесен кривична пријава против Н.М.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство.

Тој се сомничи дека на 03.10.2023 на подрачјето на Кисела Вода физички ја нападнал неговата 23-годишна сопруга, со која е во бракоразводна постапка.

По преземени мерки тој бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Кисела Вода, а на 04.10. заедно со пријавата бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.