Скопјанец позитивен на Ковид 19 излегол од изолација и во станот во Охрид викнал оператори да му местат интернет

|

Скопјанецот Д. А. (44) иако имал наод дека е позитивен на коронавирусот, се упатил во својот стан во Охрид и се шетал низ градот без заштитна маска и ракавици, иако требало да биде во самоизлолација.

„Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д .А.(44) од Скопје. Тој на 13.03.2020 година се вратил од Австрија и потпишал изјава за самоизолација. На 20.03.2020 година бил во болничка установа во Скопје за да се тестира од коронавирус. По медицинскиот наод дека е позитивен, самоиницијативно, непочитувајќи ги медицинските препораки за строга самоизолација, се упатил во неговиот стан во Охрид. Притоа, непречено се движел без заштитна маска и ракавици, а на 23.03.2020 година, бил во службените простории на еден оператор по што во станот примил и вработени кои му ја извршиле договорената услуга”, вели портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.