Скопјанец пронајден починат во Центарот за бездомни лица

|

На 11.07.2023 во 20.28 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Центар за бездомни лица „Чичино село“ бил пронајден починат З.С.(63) од Скопје, згрижен во Центарот, информира МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.