Скопјанец пронајден починат во својот дом

|

На 24.10.2023 во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат М.Т.(53) од Скопје, информира МВР.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.