Скопјанецот Филип е закован за количка, но не се откажува: „Не се родив вака и ова морам да го победам… без напорна работа нема ништо“

ИЗВОРСкопје24
|

Младиот Филип Михајловски е човек кој поради игра на судбината, животот го ставил во количка, поради парализа на нозете, но тој е еден од ретките млади луѓе во земјава кој не се откажува и напорно работи за да ја надмине оваа ситуација, за која вели не е роден да ја има.

Филип се обидел со многу работи, како медитација и биоенергија, но вели дека се пронашол себеси со вежбањето во фитнес сала и верува дека на тој начин ќе ја победи лошата состојба во која се наоѓа, па еден ден повторно ќе застане на свои нозе. Тој со својата инспиративна приказна сака да ги поттикне и сите останати луѓе кои се наоѓаат во таква или слична ситуација, да не се откажуваат, да се борат и на крајот да излезат како победници.

Are you ready for Youth Fest? We present to you the truly inspirational story of Filip Mihajlovski.Come on Sunday at MKC to learn about other youth inspirational stories at MKC! #YouthFestMK

Gepostet von Youth Council of the US Embassy in the Republic of North Macedonia am Freitag, 5. April 2019

„Откако се вратив од Словенија од мојата рехабилитација, вежбам два пати во неделата во сала и еднаш дома и два пати неделно одам да пливам на базен. Талкав низ тоа што да пробам. Се обидов со медитација и биоенергија, но по година и половина, сфатив дека биоенергијата не е за мене и почнав повторно да тренирам. Започнав повторно да одам во фитнес салата 5 пати неделно по час или час и половина. Од тогаш мојот живот се промени, затоа што се пронајдов себеси таму. Запознав неколку кул луѓе кои ми помогнаа многу, и од тогаш тренирам секој ден, без исклучоци. Дури и кога не сум во Скопје, кога патувам некаде, давам се од себе и правам се за да останам во форма. Морам да го победам ова – тоа е мојата цел. Не се родив вака и ги знам и двете страни на приказната, добрата и лошата страна, така што давам се од себе за да останам во форма за да можам повторно да застанам на нозе и да можам самостојно да одам. Практично, така го имам поставено мојот памет, дека морам да ја победам оваа работа. Инаку јас самиот се ставив во оваа позиција, никој не ме натера така што тоа е мојата мотивација.“, вели Филип во видео излагањето.

„Сакам да кажам, дека мора да продолжите да се борите и да одите напред, да се обидувате повторно и повторно, да не се откажувате. Тоа е мојата поента. Лесно е да се откажете, но кога ќе го направите тоа тогаш тоа е тоа. Нема понатаму. Точка. Нема нешто како враќање назад или одење напред. Тоа е тоа. Едноставно се откажувате и тука е крајот. Кога се обидувате, се туркате себеси, без разлика на цената. Тоа се однесува на се. Доколку сакате да купите куќа, сакате да бидете подобар во зборувањето на англискиот јазик, во училиште или во математика… Можете да ги направите сите тие работи, доколку работите напорно. Работете многу многу напорно. 1 процент е талентот, 150 проценти е напорната работа. Без разлика на тоа што сакате да направите или кој сакате да бидете , можете да бидете но мора да работите напорно. Ова особено се однесува на луѓето кои доаѓаат од овој регион, ние мораме 100 пати појако да работиме за да ги постигнеме работите кои ги посакуваме“, завршува тој.

Повеќе вакви инспиративни приказни можете да слушнете утре на Youth Fest кој го организира Младинскиот совет на американска амбасада во Скопје.

(Наталија Јосифоска)