Скопјани мака мачат и со загадувањето и бегаат на Водно

|

Скопјани и годинава мака мачат со загадувањето. Само две од триесетина мерни станици во Скопје, покажуваат дека воздухот не е загаден. Жителите на Главниот град велат дека неможат да дишат. Воздухот мириса на чад, велат тие. Дека воздухот е загаден е забележливо и од маглата.

Ова утро погледот од Водно кон Скопје е разочарувачки. Од таму освен густа магла, градот не може да се види.
Загаден воздух, според апликацијата „Мој воздух“ детектираат мерните станици МЗТ-Гази Баба, Автокоманда, Кисела Вода односно мерната станица во близина на улицата „Борис Трајковски“, Аеродром кај Тобако, Маџир Маало, Клинички Центар, Центар, мерната станица кај „Излет“ во близина на булеварот „Партизански одреди“, мерната станица во Градски парк, Козле, како и мерната станица во СУГС Никола Карев во Карпош 3, Ѓорче Петров, Бардовци.
Загаден воздух покажуваат и мерните станици во Аеродром кај Реонски центар и булеварот „Јане Сандански“, Ново Лисиче, Гази Баба, Црниче, Железара, Центар 2, Карпош 2, Алуминка, Карпош 4, Топанско Поле.


Високо ниво на загаденост покажува мерната станица во Кисела Вода, лоцирана во близина на улицата „Димо Хаџи Димов“.

Чист воздух, покажуваат единствено мерните станици лоцирани кај Министерството за внатрешни работи и Сопиште.