|
Полицијата добила две пријави од 34-годишна скопјанка и 48-годишен маж за насилство во Ѓорче Петров.
Скопјанката Н.А.(34) на 11 јули, во 19.26 часот пријавила дека околу 15:20 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходни недоразбирања, била физички нападната од Т.Т.(48) од Скопје. Додека, следниот ден во 19:26 часот Т.Т. пријавил дека на 11.07.2023 околу 15:20 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.А. додека управувала патничко возило, го удрила во пределот на нозете и го повлекла со возилото, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.