Централниот митинг на претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, ќе се одржи денеска во Скопје во 14 часот пред зградата на ЕУ Инфо Центарот.
Поради тоа сообраќајната полиција ќе воведе посебен сообраќаен режим на градските улици.
Поради маршот организиран од политичката партија СДСМ, чиј почеток е закажан за 12.30 часот, за сообраќај ќе бидат затворени улиците по кои ќе се одвива настанот.
Од МВР соопштуваат дека блокадата ќе почнува од Соборниот храм, потоа право по булеварот Партизански одреди, десно по улицата Васил Главинов, па лево по улицата Димитрие Чуповски и право до крстосницата помеѓу улицата 11 Октомври и булеварот Кочо Рацин.
Потоа, пред МТВ и МАНУ право по булеварот Крсте Петков Мисирков, право по булеварот Кочо Рацин до крстосницата со улицата 11 Октомври, како и пред Транспортен центар право по булеварот Кузман Јосифовски – Питу, лево по булеварот Кочо Рацин до крстосница со улицата 11 Октомври.
Исто така, ќе биде затворена делницата од Тутунскиот комбинат право по улицата 11 Октомври до крстосницата со булеварот Кочо Рацин, како и од крстосницата помеѓу булеварот Кочо Рацин и улицата Беласица право по булеварот Кочо Рацин, десно по улицата Свети Кирил и Методиј до седиштето на ЕУ, каде што во 14 часот ќе се одржи митинг.