Скопје го добива својот прв Retail Park – Point Retail Park

ИЗВОРСкопје24
|

Скопје и официјално го добива својот прв Retail Park – Point Retail Park. По примерот на европските метрополи, Point Retail Park е прв ваков тип на шопинг центар во Скопје. Паркот се наоѓа во општината Чаир – Бутел, на местото на некогашната фабрика Типо и е позциониран на достапна локација, помеѓу два булевара кои се стратешка комуникациска точка помеѓу скопските населби Центар, Карпош, Бутел и Чаир.

Point Retail Park се простира на нето површина од 9500 м2, и 300 паркинг места, посетителите ќе можат да уживаат во шопинг на познати брендови како LC Waikiki, Sport Vision, KFC, JYSK, NEPTUN,
Зегин, Сара Фешн, LTB, Шатци парфимерии, Спортекс, КРШ , Д Спортска према и други. Исто така во склоп на Point Retail Park ќе има и ексклузивен ресторан, супермаркет КИТ-ГО, банка, игрoетка и продавница за деца на површина од 2500 м2. Ексклузивен лизинг агент за Point Retail Park е Forton MKA дел од Cushman & Wakefield. Според претставниците на Фортон МКА интересот за Point е огромен.

“Бевме вклучени уште во дизајнирањето на проектот и започнавме со физибилити студија на која предвидовме retail park и сме задоволни што проценките од пред 1 и пол година се остварија и сега имаме 100% исполнет retail park со класа А закупци од макендонскиот пазар. Среќни сме што и закупците ги препознаа вредностите на еден Retail Park и кои се придобивките од истиот, изјави Влатко Богоевски CEO na FORTON MKA/ CUSHMAN&WAKEFIELD

“Среќни сме што на Скопје и Македонија ќе им овозможиме да уживаат за прв пат во еден Retail Park. Point Retail Park ќе им овозможи на посетителите максимално уживање во секојдневните активности понудувајќи голем број на содржини. Ваков концепт кој е развиен насекаде во светот, а посебно во Европа и регионот е нешто што му недостасуваше на Скопје да го позициониран на највисоко место во регионот.” – изјави Али Ќаили, сопственик на Али Тобако, инвеститор на Point Retail Park.

Отворањето на првиот Retail Park ‘Point’ е предвидено за 18 јули 2019.