Скопје ќе гори! Авалон продукција го најави единствениот голем културен и музички настан ова лето во Скопје – SKOPJE CALLING 2023

|

Можеби нема љубов по клубови и улици, но на 7 јули на Стадион на АРМ ќе ја има во неограничена количина… за сите генерации на урбана публика во Македонија.

Авалон Продукција ви ја претставува ултимативната музичка фрка ова лето во Скопје:

SKOPJE CALLING 2023!

NINA KRAVIZ, LAIBACH, KONSTRAKTA & ZEMLJA GRUVA, BUČ KESIDI, NIPPLEPEOPLE, ALL IN ОNLY ONE NIGHT!

07 ЈУЛИ СТАДИОН НА АРМ, СКОПЈЕ! БИДЕТЕ ТАМУ!

“Време е за квалитетна забава во Скопје во оваа чудна година и уште почудно лето кое доаѓа.

Сметаме дека нема никаква потреба да давамe епитети за секој од артистите кои се наоѓаат во насловот (во најавата за овој event), како и потреба да објаснуваме: која e и што значи во моментов Nina Kraviz на светската музичка сцена како ултимативен хедлајнер и што значат Laibach, Konstrakta & Zemja Gruva, Buč Kesidi и Nipplepeople во моментов, а и воопшто…затоа што веруваме дека се’ им е јасно на оние на кои им е наменето ова фестивалско издание на Skopje Calling 2023.

Исто како што е јасно дека ова е реално единствен голем културен и музички настан ова лето во Скопје!

Влезниците ќе бидат во продажба од среда (7ми јуни) од 10 часот наутро онлајн на ticketx.mk и ширум продажната мрежа на Авалон низ Македонија по супер популарни цени за ваков квалитетен едновечерен настан, по следните категории:

Партер – 1.500 денари
Фан пит – 2.000 денари
ВИП – резервации на info@avalon.mk

Се гледаме со сите вас на 7 јули од 20 часот, кога ноќта ќе биде долга и полна со љубов и квалитетна музика”, велат од Авалон Продукција.