Скопје Сити Мол и Синеплекс со 10 детски театарски претстави ги вклучува најмладите во хуманитарна акција

ИЗВОРНов Лист
|

Скопје Сити Мол во партнерство со Синеплекс секоја недела за најмладите организира „Мој театар – Сити театар“ – циклус од 10 различни детски театарски претстави. Претставите се интерактивни, иновативни и едукативни, пренесуваат различни приказни, а музиката се свири во живо. Освен што се забавуваат и едуцираат, со посетите на Мој театар – Сити театар децата се вклучуваат и во хуманитарната акција „Од дете за дете“, бидејќи средствата од продадените билети на крајот на циклусот на претстави се донираат на детска хуманитарна организација.

„„Скопје Сити Мол секогаш нуди нови и интересни содржини за најмладите. Овој пат решивме да им донесеме интересно театарско искуство на една нетипична сцена во киното Синеплекс, воедно да им овозможиме на најмладите да земат активно учество во хуманитарната акција Од дете за дете. Интересот за Мој театар-Сити театар е навистина огромен и ветуваме дека и во иднина ќе им понудиме на најмладите и нивните родители нови и интересни содржини во омилениот трговски центар.“ – изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.

Претставите од  „Мој театар – Сити театар“ се одржуваат секоја недела со почеток од 11.30 часот во Синеплекс на последниот кат во Скопје Сити Мол, според сите важечки протоколи за заштита од Ковид-19. Цената на билетот е симболична – 100 денари, а приходот е наменет за химанитарни цели.

Билетите може да се купат на касата од изложбениот салон Skopje Fashion Festival на приземје во Скопје Сити Мол, додека од следната недела картите ќе се продаваат на инфо пулт во трговскиот центар.


Повеќе информации се достапни на Facebook фан страната на Скопје Сити Мол.