Скорпиите се „опасници“, Терезиите убавици, а овој знак е „две во едно“

|

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… Таа е родена да биде на чело, неустрашива е и токму затоа е и прв знак во хороскопот. Станува збор за жените Овни. Таа е вечен и непоколеблив оптимист, па полето на нејзиното интересирање е често борба за права на другите како и борба за подобра иднина. Знае да биде многу заиграна и голема авантуристка која секогаш гледа напред, а ретко во минатото. Како и сите, има мани, а нејзините најчести се егоцентричност, преголема тврдоглавост и љубомора.

Во љубовта е многу страствена и сака да ја преземе иницијативата и да биде таа која ќе ја заведе другата страна, а исто така сака да биде по нејзино па инаетењето и расправиите ги доживува како предигра на сексот. На мажите им е магнет бидејќи ја доживуваат како многу интензивна и интригантна, а освојувањето на жената Овен е често предизвик. Кога е вљубена се чувствува најжива и се во нејзиниот живот тогаш станува екстремно.

Во врска не сака да се чувствува потчинета, но повременото покажување љубомора и посесивност и ласкаат бидејќи за жената Овен тоа значи дека партнерот знае колку таа вреди. Пријателствата со жената Овен се многу интензивни и тие секогаш имаат пријатели за цел живот. На пријателите некогаш им е тешко да ја разберат нејзината независност па тоа е често причина за љубомора на другите кон неа.

Извор: ekran.mk