Скратени испитни програми по сите предмети, а државната матура ќе се полага во јуни 2021

ИЗВОРНов Лист
|

-Годинава државната матура ќе се одржи во предвидениот законски рок, односно јуни 2021 година, информираат од Mинистерството за образование и наука. Полагањето на државната матура е обврска утврдена со Законот за средно образование и се спроведува според Правилникот за полагање испити од државната матура.

Согласно планот и програмата, успешно се одвива учебната 2020/2021 година, а МОН во континуирана комуникација со учениците и училиштата ќе обезбеди заеднички решенија за непречено, и безбедно полагање на матурските испити, велат од МОН.

Учениците од четврта година беа известени од МОН дека пријавувањето на матурските испити се одвива во соодветниот законски рок и затоа ги повикуваме матурантите до крајот на месецот да ги пријават темите за проектната задача, а до крајот на декември да ги пријават и испитите од листата за полагање, којашто е проширена со уште нови два предмета.

За првпат учебнава година, матурантите имаат можност за реализација на матурска проектна задача во согласност со условите во кои се одвива наставата и глобалните трендови на културата и младите. Истовремено, во насока на ефективно и организирано полагање на испитите од државната матура, испитните програми по сите наставни предмети ќе бидат со скратени содржини.