Скршени дрва, летнати кровови, поплавени улици – Штети од невремето во Скопје

|

Скопје е поплавено од силното невреме кое го зафати градот. Реки течат низ улиците, дрвја скршени, паднати врз автомобили, летнати саксии од балкони, паднати лимени кровови…

Како што и најавија од УХМР попладнево нешто после 16:30 часот силно невреме со град го погоди главниот град на Македонија, Скопје.

Во делови од градот, како во населбата Аеродром, невремето започна со грмотевици кои оштетија неколку дрва, а град паѓаше со силен интензитет и веројатно на повеќе места предизвика штети.

УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.

Фото: Република