Секој од хороскопските знаци има по некоја слаба точка. Дознајте кој од хороскопските знаци не сака да зборува за финансиите, а кој од нив лесно се нервира.
Овен
Овните не сакаат наредби. Секој кој ќе се потруди да им наредува или да им каже како да направат нешто, нема веќе да го погледнат. Ретки се оние Овни кои всушност сакаат надредени. Тие исто така, не сакаат да слушаат за своите маани и недостатоци.
Бик
Биковите не сакаат кога некој им го попречува одморот, кога луѓето им пречат или ги допираат нивните работи. Ако ги прекинете во тие работи, тие стануваат многу нервозни и најдобро е да ги избегнувате.
Близнаци
Близнаците лесно се навредуваат ако им кажете дека молчат или пак дека не се доволно интересни. Тоа може да биде причина тие да престанат да зборуваат со вас. Исто така, не поднесуваат никој да им кажува како да возат во текот на возењето.
Рак
Раковите лесно се нервираат ако им давате работи кои не се поврзани со семејството, куќата или домот. Не сакаат да работат сами, секогаш преферираат тимска работа. Исто така, многу им е тешко да ги менуваат своите навики, така што не го очекувајте тоа од нив.
Лав
Лавовите не сакаат наредби. Не зборуваат за својата финансиска состојба, и не сакаат луѓе кои постојано се фалат.
Девица
Девиците се најчувствителни за модата и стилот на облекување. Така што, ако не сакате кавга со Девиците, избегнувајте ја оваа тема. Тие исто така сакаат да си го организираат сами своето време, па така не им наметнувајте ништо.
Вага
На Вагите не им го наметнувајте своето мислење, тие самите ќе ви го потврдат тоа кога ќе дојде времето. Не сакаат да се расправаат, па така ако дојде до некоја кавга, едноставно ќе се повлечат, но нема да ви зборуваат.
Шкорпија
Тие не поднесуваат наредби. Што и да направите, нема да ве послушаат, туку ќе го направат токму спротивното. Ако ги повредите, тоа е многу опасна зона, бидејќи никогаш нема да ви го простат тоа.
Стрелец
Стрелците мразат обврски. Тие сакаат работите да ги прават онака како што мислат дека треба и не треба никој да се труди да им наметнува ставови. Најдобро се чувствуваат надвор или во природа и не сакаат луѓе кои се мирни и премногу молчаливи.
Јарец
Јарците се многу сериозни личности и не сакаат несериозност кај луѓето. Секогаш и секаде доцнат и не сакаат некој да ги брза. Не сакаат кога нешто им се наметнува и кога некој бара од нив нешто веднаш.
Водолија
Водолиите не сакаат одложувања и бавни и мрзеливи луѓе. Тие сакаат работите да се завршат на веме и не сакаат незавршени работи. Сакаат брзина, стрес и динамичност. Секогаш сакаат да се окружени со пријатели и блиски луѓе.
Риби
Рибите не дозволуваат избегнување и игнорирање. Тие не поднесуваат кога некому ќе помогнат, а таа личност не им се заблагодарува за тоа. Тие сакаат себеси да си зацртаат цел или некоја мисија и така најдобро функционираат.