Марко Слаткар и Сања Николиќ се запознале за време на Златна Бубамара 2010 година.
Тие двајца се веќе долго време во брак, но сеуште изгледаат заљубено како да се на почеток од тинејџерска врска.
Тој на својата сопруга и има посветено две песни кои станаа хит „Кажи само ДА“ и „Луда романтика“.
Сања е поранешна манекенка и водителка, но откако е во врска, а подоцна и брак со раперот Слаткар, нејзината кариера се движи во друга насока. Бидејќи, како што тој и самиот еднаш изјави, да биле заедно од многу одамна, Сања немало ни да биде манекенка.
Но во нивниот живот недостасуваше само едно нешто, а во оваа 2020та година се ќе биде потполно.
Марко и Сања ќе станат родители, а Слаткар реши со фановите да ја сподели најсреќната вест во неговиот живот и напиша: „Ќе бидам татко, 2020та ќе биде моја најсреќна година. Ви ги посакувам моите убавини“
https://www.instagram.com/p/B6wSu_RJ7Bi/