|
Времето на јагодите секогаш го користиме за најслатки десерти, а денес ви пренесуваме рецепт за колач кој се подготвува за еден час!
Состојки: 300 мл засладена слатка павлака, 800 гр јагоди, 150 гр сечкани јагоди, 300 гр бисквити и шеќер во прав.
Подготовка: Изматете ја слатката павлака, па додадете ги изблендираните јагоди и промешајте. Во смесата истурете ги сечканите јагоди и промешајте. Обложете сад со проѕирна фолија и над него ставете го бисквитот по ваш избор. Истурете ја смесата со јагоди, па прелијте по уште еден ред бисквити. Покријте со фолија и оставете во замрзнувач околу 4 часа. Посипете со шеќер во прав.