Славчо Попоски најавува НАЈПРВИН МНОГУ ПОСТУДЕНО, А ПОТОА ПОРАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Еве кога

ИЗВОРНов Лист
|

– До крајот на оваа недела времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде утрешниот ден кога ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец и повремено истиот ќе засилува на интензитет. Температурите наутро ќе бидат многу ниски и насекаде истите ќе се спуштаат под 10 степени, на некои места и под 5 степени, а локално истите има услови да се спуштат дури и за некој степен под нулата, со што има услови за појава на слаб мраз и слана.

Максималните температури пак, ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 22 степени. Во Скопје ќе биде претежно стабилно и суво со температури помеѓу 17 и 20 степени.

За време на викендот температурите ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени, значи не очекува потопол викенд, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.