Славчо Попоски: Пороен дожд и големо заладување, се очекува и снег!

ИЗВОРНов Лист
|

– Денес попладне и навечер ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, додека од претстојната ноќ и утре во поголем дел од Македонија ќе има поројни врнежи и грмежи.

Можна е појава и на локално НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со услови за појава на град. Токму поради ова препорачуваме голема внимателност, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

-Во недела, како и во текот на следната седмица следува ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ со температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Во недела се очекува и првиот снег во регионот и тоа на највисоките планински места, додека во текот на следнта седмица истиот е можен дури и во Македонија. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер најпрвин од западен и од југозападен, а потоа и од северен и од северозападен правец – вели метеопрогнозерот Попоски.