– Како што веќе најавивме, утре претежно во западните предели ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи, заислен ветер, а има услови и за локална појава на НЕВРЕМЕ. Температурите ќе бидат без поголеми промени и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 30 степени. Услови за попладневна локална нестабилност ќе има и во првите денови од следната недела. Што се однесува до температурите, тие ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од северните предели на Африка, и температурите во почетокот од следната недела ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Според Попоски, и во Скопскиот регион во следните денови има услови за локална попладневна нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 29 и 31 степен.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека понатаму Атмосферата ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНА, во случај на појава на НЕВРЕМЕ и електрични празнења, како и СИЛЕН ветер, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на силен ветер, избегнувајте своите автомобили да ги ставате во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета.