Екстремна топлина, температури над 40 степени но и Сахарска прашина и песок тоа е што ќе го донесе изразениот топлотен бран кој ќе пристигне кај нас уште од понеделник а зафати голем дел од Европскиот Континент и услови температури дури и до 45 степени кој условија појава на многу пожари и тоа особено во југозападна европа, односно во Шпанија.
Понатаму југозападното воздушно струење ќе услови овој топлотен бран да го турне кон нашите делови со што од понеделник па натаму кај нас очекуваме значителен пораст на температурите на воздухот и најтопло ќе биде околу средината на неделата која што ни следува па така максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени, во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до околу 42 степени.
УВ ИНДЕКСОТ ќе порасне на ЕКСТРЕМНА висока вредност и ќе има коефициент 11 па така на граѓаните ги советуваме да бидат крајно претпазливи на сонце и да се заштитуваат, исто така во овие пеколни денови да измегнуваат тешка храна исполнета со мрснотии, односно се повеќе да се практикува онаа лесна храна (зеленчук и овошје како и се повеќе конзумирање течности).
Инаку времето и во следните денови ќе биде стабилно и суво, однсоно сончево повремено само со сосема мала локална облачност, од среда па натаму ќе започнат да растат условите за попладневна локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Поради позиразеното јужно и југозападно струење на висина очекуваме транспорт на прашина и песок од Сахара кон нашата територија поради што и атмосферата ќе биде нешто позаматена а времето ќе биде тешко и спарно, поради ова кај дел од граѓаните и тоа особено кај метеопатите ќе пораснат условите за појава на здраствени проблеми па во случај на ова ги советуваме да се консултираат со својот лекар за совет.
Подготви: Славчо Попоски за 1тв.